Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

0

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека „се чувствува одлично“ бидејќи закрепнува од коронавирусот и очекува да ја прекине изолацијата и да се врати во нормални работни услови до крајот на неделата.

„ Се чувствувам одлично. Спиев полни две ноќи“ – изјави Бајден.

Бајден вчера одржа виртуелен состанок со земјоделските производители и неколку највисоки претставници на администрацијата за промовирање на законодавството насочено кон зајакнување на производството на чипови во САД, објави „Ројтерс“.

Гласот му беше рапав, но изгледаше дека е во добра здравствена состојба, наведува британската агенција.

Координаторот за коронавирус во Белата куќа, Ашиш Џа рече дека Бајден е добро и дека неговата состојба се подобрува. Тој рече дека Бајден би можел веќе утре да ја заврши изолацијата со негативен тест за корона.

„ Симптомите на американскиот претседател Џозеф Бајден на Ковид 19 сега речиси целосно исчезнаа“, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор.

Тој додаде дека кај Бајден се забележува само послаба назална опструкција и минимална засипнатост. Лекарот повтори дека белите дробови на Бајден се чисти и дека тој добро реагира на третманот.

Американскиот претседател беше позитивен на коронавирусот во четвртокот.