ББЦ: Гранатиран аеродромот Антонов во Киев

1

Официјален Киев денеска соопштија дека руските сили го гранатирале аеродромот Антонов кој се наоѓа во северниот дел на главниот град на Украина

 

. Антонов, познат и како Хостомел, е најважниот украински аеродром за меѓународен карго транспорт, како и клучна воена воздухопловна база.

 

Непроверената снимка на социјалните мрежи покажува густ чад што се издига над аеродромот, јавува Би-Би-Си.