Бебе на пат: Бритни Спирс повторно ќе стане мајка

6

Пејачката Бритни Спирс соопшти дека е бремена со трето дете.

Спирс (40) не само што ја откри својата бременост, туку и откри дека се омажила за својот вереник Сем Асгари (28), нарекувајќи го „мојот сопруг“ во објавата на Инстаграм во понеделникот.

Спирс опиша како забележала промени во стомакот, и веднаш сфатила дека ваквите промени не се должат на зголемување на телесната тежина.

„Направив тест за бременост…и … имам бебе“, напиша таа.

Поп-ѕвездата, исто така, раскажа како имала депресија во текот на претходната бременост и како сега чувствува дека жените можат поотворено да разговараат за нивното ментално здравје додека се бремени.

“Овојпат ќе се занимавам со јога секој ден!!! Ширејќи многу радост и љубов!!!” напиша таа.

Во јуни 2021 година, Спирс се пожали на суд во случајот со конзерваторскиот надзор дека не ѝ дозволувале да се омажи или да има повеќе деца.