Безмалку половина од ваучерите за туризам останале неискористени

37

Само 61.648 ваучери за туризам од 117.521 изработени од проектот „Дома си е дома“ биле искористени до последниот рок, според отчетот кој го објави Министерството за економија.

При тоа, од 117.521 ваучери, 17.185 граѓани не пристигнале таму каде што треба поради погрешните имејл-адреси што ги имаат доставено граѓаните во Управата за јавни приходи.

Тоа значи дека вкупниот број неискористени ваучери е 55.873, или речиси од половина од наменетите ваучери и пари не се искористени.

„Хотелиерите што имаат гости што користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери“, гласи соопштението на Министерството за економија.

Мерката беше дел од Третиот сет економски мерки, а сите вработени граѓани што оствариле вкупни нето-приходи од плата и надоместоци од плата до 60.000 денари, во периодот од јануари до април 2020 година, може да ја искористат оваа помош од 6.000 денари во некои од хотелите и сместувалишта регистрирани во министерството.