Бекам со семејството на летување во Грција ФОТО

16

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам во моментот е на одмор во Грција со семејството, поточно неговите синови и ќерка.

Папараците успеале да ги фотографираат додека се капат во морето, но и откако ја напуштиле плажата.

Бекам е во Грција со синовите Бруклин, Ромео и Круз, и со ќерката Харпер.

И Дејвид и синовите не ја испуштале од око деветгодишната Харпер.

Викторија Бекам во неделата објави фотографија на Инстаграм од одморот на која позираат Дејвид и момчињата.

„Моите момчиња се повторно заедно“, напиша дизајнерката покрај фотографијата.