Бектеши: Дел од мaркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари, ги повикуваме останатите да го следат примерот

3

Ја поддржуваме одлуката на дел од ланците на маркети во државата кои што донесоа одлука за време на криза да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши и ги повика останатите трговцида ја следат одлуката и да бидат солидарни во време на глобална криза.

„Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата„ напиша министерот Бектеши.