Бектеши: Што и да одлучи Русија за гасот, кај нас ќе има минимално влијание

19

Најавата од Русија за прекин на гас за Бугарија, не се однесуваше на нас, гасот континуирано се испорачува, а ако дојде до тоа да немаме испорака, земјава е подготвена за повеќе алтернативи, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. Сепак, според неговата изјава терминалот за течен гас во Грција, во кој имаме акции, ќе биде готов за околу 2,5 години, но интерконекторот го најавува за наскоро. Во меѓувреме, како решение останува гасот што од Русија доаѓа преку Бугарија, а алтернативите за кои зборува Бектеши се мазут, течен гас или екстра лесно гориво. – Активни се 3 системи за дистрибуција на природен гас. Еден е на Дирекцијата на технолошко-индустриските равојни зони, другиот е на ЈП „Струмица гас“ со 315 потрошувачи и третиот е на „Куманово гас“ со 100 поптрошувачи. Најголемо влијание има когенеративната централа во сопственост на АД ТЕ-ТО, каде во текот на зимските месеци, поради вклучувањето на топланите, месечната потрошувачка достигнува до 45 милиони нормални метри кубни гас, а во периодот од јуни до септември по 6 милиони – рече Бектеши. Тој рече дека на гасоводниот систем на ГА-МА се приклучени 60-тина индустрики капацитети и институции. – Компаните во технолошко-индустриските равоји зони и според закон мора да имаат алтернатива на гасот, тие може да работат на мазут, може по примерот на „Струмица гас“ да користат компресиран гас, или екстра лесното масло. Што се однесува до грејната сезона, таа и официјално е завршена, така што, каква и да биде одкуката за гасот во однос на нашата земја, тоа кај нас ќе има минимално влијание- рече Бектеши. Бектеши објасни дека преку националниот гасовод ГА-МА минатата година се пренесени 426 милиони нормални метри кубни гас, што е најголема количина откако работи гасоводот. – Минатата година беа пренесени 26 проценти повеќе гас отколку во 2020 година и пренесената количина е 53 проценти во однос на вкупниот капацитет за пренос на гас – рече Бектеши. Тој објасни дека Македонија има договор со „Гаспром“ за резервација на гас и да има некви рестрикции за Бугарија гасот мора да биде пренсен преку тамошниот гасовод. Во однос на нафтените деривати во Македонија, Бектеши објасни дека 8 отсто од нив, потекнуваат од Русија.

Најавата од Русија за прекин на гас за Бугарија, не се однесуваше на нас, гасот континуирано се испорачува, а ако дојде до тоа да немаме испорака, земјава е подготвена за повеќе алтернативи, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. Сепак, според неговата изјава, терминалот за течен гас во Грција, во кој имаме акции, ќе биде готов за околу 2,5 години, но интерконекторот го најавува за наскоро. Во меѓувреме, како решение останува гасот што од Русија доаѓа преку Бугарија, а алтернативите за кои зборува Бектеши се мазут, течен гас или екстра лесно гориво.

– Активни се 3 системи за дистрибуција на природен гас. Еден е на Дирекцијата на технолошко-индустриските равојни зони, другиот е на ЈП „Струмица гас“ со 315 потрошувачи и третиот е на „Куманово гас“ со 100 поптрошувачи. Најголемо влијание има когенеративната централа во сопственост на АД ТЕ-ТО, каде во текот на зимските месеци, поради вклучувањето на топланите, месечната потрошувачка достигнува до 45 милиони нормални метри кубни гас, а во периодот од јуни до септември по 6 милиони – рече Бектеши.

Тој рече дека на гасоводниот систем на ГА-МА се приклучени 60-тина индустрики капацитети и институции.

– Компаните во технолошко-индустриските равоји зони и според закон мора да имаат алтернатива на гасот, тие може да работат на мазут, може по примерот на „Струмица гас“ да користат компресиран гас, или екстра лесното масло. Што се однесува до грејната сезона, таа и официјално е завршена, така што, каква и да биде одкуката за гасот во однос на нашата земја, тоа кај нас ќе има минимално влијание- рече Бектеши.

Бектеши објасни дека преку националниот гасовод ГА-МА минатата година се пренесени 426 милиони нормални метри кубни гас, што е најголема количина откако работи гасоводот.

– Минатата година беа пренесени 26 проценти повеќе гас отколку во 2020 година и пренесената количина е 53 проценти во однос на вкупниот капацитет за пренос на гас – рече Бектеши.

Тој објасни дека Македонија има договор со „Гаспром“ за резервација на гас и да има некви рестрикции за Бугарија гасот мора да биде пренсен преку тамошниот гасовод.
Во однос на нафтените деривати во Македонија, Бектеши објасни дека 8 отсто од нив, потекнуваат од Русија.