Белгиската Влада денеска предложи закон со кој ќе се забрза враќањето на мигрантите чии барања за азил се одбиени, а ова е едно од клучните прашања на властите во решавањето на мигрантската криза.
Белгиските власти сметаат дека се соочуваат со „несразмерен“ миграциски притисок, бидејќи прифатните центри се преполни со околу 34.000 места.
Во моментов, околу 2.400 баратели на меѓународна заштита не можат да користат сместување, соопшти канцеларијата на белгискиот државен секретар за азил и миграција, Никол де Мур.
Ваквата состојба ја осудија и невладините организации.
Владата, со помош на различни колективи, веќе еден месец се обидува да демонтира импровизирани кампови на улица во Брисел, но потребата за сместување се уште е потценета, соопшти меѓународната организација „Лекари без граници“.
Белгиската Влада денеска најави дека Европската унија ќе и обезбеди контејнери за сместување на 700 мигранти.
„Луѓето чии барања за азил се одбиени сега ќе треба да ги напуштат прифатните центри во рок од 30 дена“, рече државниот секретар.
Конкретно, Владата има намера да го подобри надзорот на своите имиграциски служби над луѓето на кои им е наредено да ја напуштат територијата, да ги охрабри доброволно да се вратат и да ги одврати од преземање понатамошни чекори.