Бензините поскапеа за половина денар, дизелот и оваа недела со иста цена

8

Цените на „еуросупер-95“ и „ еуросупер-98“ се зголемуваат по половина денар, и еден литар од овие горива ќе чини 60.00, односно 62.00 денари.

За половина денар од полноќ се зголемуваат цените на бензините, а цената на дизелот останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комизија за енергетика.

Цените на „еуросупер-95“ и „ еуросупер-98“ се зголемуваат по половина денар, и еден литар од овие горива ќе чини 60.00, односно 62.00 денари.

Цената на „еуродизелот“ не се менува, па еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 52.00 денари.

Исто така цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво од 51,50 денари за литар..

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 денари за килограм во однос на цената
утврдена претходната недела и ќе изнесува 26,531 денари за килограм.