Бензините поскапи за 1,5, а дизелот за еден денар

8

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76 %, односно за еден до 1,5 денар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг и сега ќе изнесува 32,884 ден/кг.

Од вечер на полноќ Еуросупер БС-95 ќе чини 62,50 денари/литар, Еуросупер БС-98 64,50 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) 53,00 денари/литар, Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1) 42,00 денари/литар, а Мазутот М-1 НС ќе се продава по 32,884 денари за килограм.