Бензините поскапуваат за еден и пол денар, цената на дизелот се намалува за еден денар

7

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија информира дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.5.2022 година.

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.

Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 92,00 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 94,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,334 %, кај дизелот има намалување за 1,840%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,559% и кај мазутот има намалување за 0,96%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,307%.