Бен Афлек ќе ја запроси Џеј Ло по вторпат: Нејзе ѝ е шеста, а нему трета свршувачка

4

Бен Афлек планира да ја запроси Џенифер Лопез за нејзиниот 52-ри роденден, кој ќе го прослави следниот месец, тврди извор близок до парот.

Холивудската двојка ја обнови врската во мај, 17 години откако славно ја раскинаа свршувачката само еден ден пред венчавката во 2003 година.

Сега, извор близок до двојката потврди дека Џенифер и Бен продолжиле таму каде што застанале пред сите тие години и бараат заедничка иднина.

– Бен сака да ѝ даде уште една шанса на нивната љубов и планира романтично запросување на 52-от роденден на пејачката на 24 јули – изјавил изворот за списанието „Клосер“.

Пред тоа, Бен ја запроси Џенифер со прстен со розов дијамант од 6,1 карат во 2002 година по двомесечна врска. Двојката, како причина за нивното раскинување, го наведе прекумерното внимание на медиумите.

Џенифер, пет месеци по нивното раскинување се омажи со пејачот Марк Ентони, со кого ги доби близнаците Ема и Марк. Пред Марк Ентони, таа беше во брак со келнерот Ојани Ноа и танчерот Крис Џудо. Двата брака траеја околу една година.

Бен, по раскинувањето со Џенифер Лопез, се омажи со холивудската актерка Џенифер Гарнер, со која има три деца.