Беса Адеми избрана за претседателка на Врховниот суд

50

Судскиот совет на Македонија денеска, со 12 гласа ЗА и еден ПРОТИВ, ја избра судијката Беса Адеми за нова претседателка на Врховниот суд.

„Донесена е Одлука за избор на претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по оглас број 09-1733/2 од 11.11.2020 година, и тоа за Претседател на Врховниот суд на РСМ е избрана Беса Адеми, судија на Врховниот суд на РСМ“, Соопшти Судскиот совет на својата веб страница.

Кандидати за местото претседател на Врховен суд, покрај Беса Адеми, беа и врховните судии Лидија Неделкова и Џемали Саити.