Бесценето: Реакцијата на Роналдињо кога дозна дека ќе го напушти затворот (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски репрезентативец, Роналдињо, пред неколку дена го напушти затворот во Парагвај, каде што беше од средината на март, за да се брани од слобода против обвинението дека во земјата влегол со лажен пасош.

18

Тој зад решетки мина 32 дена, по што беше привремено ослободен со кауција од 1,3 милиони евра, односно беше сместен во куќен притвор и тоа во луксузен хотел во парагвајската престолнина. Парагвајските телевизии објавија видео на кое се гледа реакцијата на Роналдињо, кога од судијата дозна дека може да го напушти затворот, која е бесценета.

Легендата се соочува со казна затвор од максимални шест месеци.