Бидете претпазливи: Благите симптоми на ковид-19 може да прераснат во многу сериозни

15

Додека повеќето заболени ќе имаат благи или ќе бидат без никакви симптоми, лекарите предупредуваат дека и оние со благи симптоми мора добро да внимаваат на нивниот развој за да не станат многу опасни.

Оваа болест може да предизвика појава на благи симптоми кај поединец што по неколку денови и ќе закрепне, или некое лице може да има симптоми пред или по формалната дијагноза, да закрепне, па сериозно да се разболи по 7 до 10 дена, а сметаме дека ова е поврзано со имунолошкиот систем или со феноменот „цитокинска бура“, објасниле лекарите.

Кога вирусот ќе стаса до белите дробови, имунолошкиот систем одговара така што испраќа клетки што ќе го нападнат вирусот. Ако одговорот на системот е премногу силен, тоа може да предизвика воспаление.

Кај некои луѓе, токму тоа ќе се случи и може да има фатални последици.

Кога луѓето ќе се заразат, обично се појавуваат симптоми слични на настинка, тогаш може сѐ да се развие во проблеми со белите дробови, кога тие ќе сфатат дека се болни. Ова обично се случува на шестиот или седмиот ден, појаснуваат инфектолозите.

„Заслугите“ за овој процес му припаѓаат на самиот вирус кој стасал до белите дробови, но и на пациентот и на неговиот имунолошки систем, т.е. на одговорот на имунолошкиот систем што може да предизвика проблеми. Тивката „хипоксија“ е уште еден термин што се спомнува кај некои пациенти, а станува збор за слабо заситување на крвните садови со кислород, без притоа пациентот да чувствува тешкотии со дишењето.

Од благи до сериозни симптоми
Според пишувањето на Центарот за контрола и превенција на болести, симптомите можат да се појават од 2 до 14 дена по изложеноста на вирусот.

Симптомите вклучуваат:
– Температура
– Кашлица
– Болки во мускулите
– Главоболка
– Губење на мирисот и вкусот
– Болка во грлото
– Тешкотии со дишењето

Прочитајте и… Мишел Обама призна дека страда од депресија поради коронавирусот: Важно е да се придржувате до вашата рутина
Во моментов, експертите не знаат дали постои начин за да се знае дека благите симптоми ќе се претворат во опасни, но има одредени ризични фактори што тоа можат да го поттикнат.

– Вирусот и инфекцијата што ја предизвикува изгледаат многу непредвидливи. Ги познаваме вообичаените симптоми, но често се забележливи и атипични манифестации. Она што, исто така, го забележуваме е дека симптомите од благи многу брзо можат да се претворат во сериозни – велат инфектолозите.

Постојат јасни ризични фактори, какви што се возраста, дијабетесот, високиот крвен притисок (хипертензија), болестите на белите дробови… но, за жал, се чини дека оваа болест може да му се случи секому, појаснуваат лекарите.

Третирање на благите симптоми
Иако не постои начин да го запрете интензивирањето на симптомите, д-р Скефнер, инфектолог од Универзитетот Вандербилт, објаснува кои работи луѓето со благи симптоми можат да ги направат за да се чувствуваат подобро.

– Сметам дека добрата хидратација е многу важна за да се чувствувате подобро. Ако имате температура, лековите што дејствуваат на нејзиното намалување ќе ви помогнат – вели лекарот. Тој додава дека секогаш ги советува пациентите што имаат грип или респираторни проблеми да избегнуваат алкохол и да бидат внимателни со кофеинот, бидејќи може да доведат до дехидратација. Она што треба да пиете е многу вода. Ако сте болни, дистанцирајте се и водете сметка за вашето закрепнување.

Следење на симптомите
Мора да бидеме поврзани едни со други, затоа што сешто може да им се случи на пациентите за краток временски период, на пример, влошување на симптомите, така што пациентот одеднаш станува толку слаб, што не може да стаса ниту до телефонот. Затоа, редовно проверувајте ги вашите најблиски, заклучиле лекарите.