БИСЛИМОВСКИ: Барања за поскапување на струјата чекаме до крајот на месецов, пa ќе одлучиме, а до граѓаните порака да ја штедат

5

Во овој момент нема поднесено барања за поскапување на струјата, операторите треба да ги достават до крајот на месецот, па потоа Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)ќе заседава и ќе одлучува, изјави нејзиниот претседател Марко Бислимовски.

Тој во Утрински брифинг порача граѓаните да ја штедат струјата оти таа е скап енергенс.

– На пазарот цената на струјата се движи од 220 до 230 евра за киловат час, а исто висока цена имаме и за цела 2023 година, вели Бислимоски.

Тој нема добри вести и за природниот гас, особено што од утрово се затвора гасоводот што минува низ Украина.

-Со податоците што ги добиваме од ЕСМ обезбедени се резерви од јаглен од домашно производство за РЕК. Но нашиот јаглен е помалку квалитетен па се увезува и се меша. Добро е што имаме добра хидролошка година, но сега треба да се почне да се штеди. Имаме појави во некои општини на недомаќинско трошење, вели Бислимоски.

Коментар даде и за тоа дека некои општини исклучуваат улично осветлување.