Бијонсе во фустан кој премалку остава на фантазијата (ФОТО)

5

Бијонсе викендов била на прославата на 50-роденден на раперот Паф Деди во Лос Анџелес, во придружба на нејзиниот сопруг Џеј Зи.

Носела атрактивен фустан со детали од стилизирани цветови на модната куќа Kujt & Meri. Она со што пејачката ги надминала аутфитите на другите гостинки бил високиот шлиц до колкот. Бијонсе морала да внимава на секој чекор за да не открие повеќе од што планирала.

Елегантниот стајлинг го надополнила со блескав накит, долги ракавици, сребрена торбичка и едноставни црни сандали.

„Не нè чуди што прекарот ѝ е кралица. Многупати докажала дека само таа може храбро да носи вакви фустани“, коментирале фановите на социјалните мрежи.