Би-Би-Си: Пиратските игри содржат вирус што хакерите го користат за рударење криптовалути

12

Пиратирањето, поточно симнувањето игри за компјутер сега може да стане туѓа алатка за рударење криптовалути.

Како што објави Би-Би-Си, „бесплатните“ верзии на видеоигри како што се „ГТА 5“, „НБА 2К-19“ и „ПЕС 2018“ не се обични пиратски верзии на игрите, туку содржат вирус наречен „Креконош“, што го користи хардверот на други лица за рударење криптовалути и за заработка.

На пример, кога се презема пиратската „ГТА 5“, компјутерот почнува да работи со поголем интензитет, забавува и троши повеќе енергија. „Креконош“, исто така, ги исклучува сите безбедносни програми на туѓиот компјутер, така што тој е изложен и на други вируси и малициозен софтвер.

Компанијата за интернет-безбедност, „Аваст“ наведува дека пиратските верзии на игрите се најчестиот начин на ширење на „Краконош“ и се бележат 800 напади дневно. Според статистиката, хакерите досега „ископале“ криптовалути во вредност од два милиони американски долари преку пиратски игри и туѓ хардвер.