Благодарност до Лондон: Брегзит донесе 140 нови компании во Холандија

11

Неизвесните ефекти на Брегзит принудија голем број странски компании да отворат канцеларии во Холандија, соопшти холандската агенција за странски инвестиции, додавајќи дека дури 140 компании отвориле канцеларии во земјата од референдумот за Брегзит во 2016 година, од кои 78 целосно ги прекинале деловните активности минатата година во таа земја.

Во извештајот на Агенцијата се вели дека недостатокот на одговори на многу прашања за иднината на деловните односи на Велика Британија со Европската унија предизвикува неизвесност во деловните кругови иако Велика Британија веќе ја напушти ЕУ, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.

Според официјалните објави, Европската унија и Велика Британија треба да постигнат договор за меѓусебните односи по Брегзит до крајот на годинава, пренесува Инвеститор.

Агенцијата соопшти дека се водат преговори со претставници на 425 компании кои размислуваат за можноста за проширување или целосно преместување на нивниот бизнис во Холандија заради Брегзит.

Компаниите од Велика Британија, но и од САД и Азија размислуваат за реструктуирање на нивните европски операции поради сè уште нејасните ефекти на Брегзит.