САД забележија близу шест милиони случаи на заразени со коронавирус, според податоците кои ноќеска ги објави Универзитетот Џонс Хоипкинс.
Вкупниот број на регистрирани случаи е 5.993.668, наведуваат од Универзитетот кој се наоѓа во Балтимор, во американската држава Мериленд на североистокот од САД.
Од коронавирус починале 183.034 лица во САД, а 2.153.039 се сметаат за излекувани.
Според апсолутните бројки на заразени и починати, САД се далеку најтешко погодена земја од пандемијата.