Блинкен: Дијалогот е единствениот одржлив механизам за подобрување на односите меѓу Белград и Приштина

12

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека дијалогот со посредство на Европската унија е единствениот одржлив механизам за подобрување на односите меѓу Белград и Приштина.

„Треба да видиме добра волја и конструктивен пристап и од Косово и од Србија за да се стабилизираат односите“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со австрискиот премиер Александар Шаленберг во Виена.

Тој додаде дека двете страни треба да работат на намалување на тензиите, подобрување на соработката со меѓународните партнери и зголемување на транспарентноста.