Блинкен: Одобрив испраќање на вооружување во Украина во вредност до 100 милиони долари

4

Тоа ја доведува вкупната американска воена помош за Украина на околу 3,9 милијарди долари во оружје и опрема, додаде тој.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека САД ќе и дадат на Украина дополнителни 100 милиони долари воена помош.

Блинкен изјави дека Соединетите Држави и нивните сојузници работат дење и ноќе за да ја забрзаат испораката на опрема за Украина додека Русија ја продолжува својата брутална војна. Американскиот државен секретар на Твитер објави дека одобрил десетто испраќање дополнително оружје.

– Го одобрив нашето десетто испраќање дополнително оружје и опрема за одбрана на Украина од пописот на Министерството за одбрана на САД во вредност до 100 милиони долари. Тоа ја носи вкупната американска воена помош за Украина на приближно 3,9 милијарди долари во оружје и опрема – напиша Блинкен.