Блумберг: САД им кажале на сојузниците дека Русија „годинава“ може да испрати нуклеарно оружје во вселената

3

Соединетите Американски Држави неодамна ги предупредија своите сојузници дека Русија може да лансира или живо нуклеарно оружје или лажна боева глава во вселената уште оваа година, според неименувани извори запознаени со ова прашање, а кои разговарале со Блумберг.

САД веруваат дека Русија развива вселенско анти-сателитско нуклеарно оружје, чија детонација може да наруши се – од воената комуникација до мобилните апликации за споделување возење, налик на Убер.

Според неименуван извор, САД верува оти системот ќе вклучува нуклеарна експлозивна направа поставена во орбитата. Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија се противи на распоредување нуклеарно оружје во вселената, а неговиот министер за одбрана остро ги негираше информациите дека Русија развива нуклеарна способност за вселената.

Извештаите за можен руски развој се појавија откако републиканскиот претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД даде криптична изјава на 14 февруари, предупредувајќи на „сериозна закана за националната безбедност“.

Најјасен знак дека Вашингтон верува дека Москва работи на вселенско антисателитско нуклеарно оружје беше коментарот на портпаролот на Белата куќа во четвртокот дека САД веруваат дека системот во развој ќе го прекрши Договорот за принципите на активностите на државите во Истражување и користење на вселената

Договорот од 1967 година им забранува на неговите потписници – вклучувајќи ги Русија и САД – да ставаат „во орбитата на Земјата објекти кои носат нуклеарно оружје или други видови оружје за масовно уништување“.