Боки 13 преку писмо информира дека кривично пријавил 40-на функционери и бизнисмени

32

Бојан Јовановски денеска повторно беше спроведен од истражниот затвор “Скопје” до обвинителството, каде што поднесува десетина кривични пријави.

Преку писмо на осум страници, кое рачно го напишал, Боки 13 ја информира јавноста дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства, бизнисмени.

Тој потенцира дека станува збор за околу 40-тина лица, кои според пријавите треба да одговараат за злоупотреба на службена положба, измама, давање лажен исказ.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски рече дека очекува по целосно документирање на случаите, Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави.