Боки 13 со часови даваше исказ, ја кажал целата вистина за случајот „Меѓународен сојуз’

58

Првоосомничениот за случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 и денеска продолжи со давање исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Во петокот излезе од обвинителството по седум часа, а денеска исказот го довршуваше пет часа и потоа беше спроведен во затворот во Шутка каде издржува притвор за случајот „Рекет“.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека неговиот исказ, не случајно бил толку долг и дека Јовановски ја кажал целата ноторна вистина поткрепена со факти и докази.

Тој не одговори на новинарското прашање дали во неговиот исказ биле споменувани и некои други лица за кои јавноста не знае дека биле вмешани во овој случај.

– За секој основ, за секое зборче што стои во наредбата за спроведување на истрага се произнесе со мноштво факти, не со рекла-кажала, мислам дека неговиот исказ беше корисен, целосен и сеопфатен, рече Дуковски.

Тој не сакаше да ја коментира ниту изјавата на осомничената Јасна Мандиќ која рече дека Боки 13 ја довел во заблуда. Дуковски уште еднаш кажа дека здравјето на Боки 13 е катастрофално и според него, тој неколку пати повраќал додека бил во Обвинителство.

Оваа истрага е продолжение на случајот „Рекет“ и е насочена кон невладината „Меѓународен сојуз“, чиј претседател е Боки 13. Оснев Јовановски осомнични се неговиот татко, Миле Јовановски, пратеничката Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и неговата асистентка Христина Блажевска.