Бомба од Јунајтед: Погба прифатил да се врати во Италија, ама не во Јувентус!

25

Најпосле се гледа крајот на сагата поврзана со францускиот репрезентативец во дресот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој подолг период сака да си замине од таборот на „ѓаволите“.

Последните информации од медиумите во Англија велат дека Французинот е многу блиску до враќање во Италија, но не во дресот на Јувентус од каде што дојде во Јунајтед туку во таборот на Интер. Тој би бил дел од замена, која во насока кон Островото ќе го испрати Лаутаро Мартинез, во кого тренерот Оле Гунар Солшер гледа нов предводник на нападот на својот тим.

Погба немал ништо против овој трансфер, бидејќи сака повторно да соработува со Антонио Конте, кој му беше тренер во Торино. За францускиот ас заинтересиран е и Реал Мадрид, но неговата преселба во Милано во моментов е пореална опција.