Борисов: Гарантирам дека нема разговори со Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено во Уставот

8

 

Тие знаат дека нашата поддршка како власт или опозиција за нив зависи од признавањето на бугарското малцинство. Веднаш се разбрав со Еди Рама во врска со тоа, истото го очекувам и од Зоран Заев. За Бугарија е исклучително важно Северна Македонија и Албанија да се во Европската Унија, пишува Борисов на Фејсбук.

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска се сретнал со претставници на неколку здруженија на македонските Бугари, кои од од властите во Софија бараат поддршка.

На средбата со Борисов, кому претставниците на неколку здруженија на македонските Бугари, му се пожалија за односот на македонската држава кон нив, присуствуваше и Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи.

Борисов по средбата, денеска на својот Фејсбук профил објави дека „претставниците на бугарското малцинство во Северна Македонија“ му се пожалиле дека се чувствуваат како фантоми, бидејќи „претседателот и премиерот на Северна Македонија со нив се однесуваат како тие да не постојат“.

– Им реков дека гарантирам со моето име дека нема да имаме разговори со Северна Македонија, додека бугарското малцинство не биде внесено како такво во Уставот. Тие знаат дека нашата поддршка како власт или опозиција за нив зависи од признавањето на бугарското малцинство. Веднаш се разбрав со Еди Рама во врска со тоа, истото го очекувам и од Зоран Заев. За Бугарија е исклучително важно Северна Македонија и Албанија да се во Европската Унија, пишува Борисов на Фејсбук.

На претставниците на македонските Бугари, во врска со спорот со Македонија, Борисов им рекол дека Бугарија западнала во меѓународна изолација во последните месеци, а демократските држави се исмејувале со нивната слаба дипломатија.

– Наместо да дебатираме за важни теми како односите со Северна Македонија и ковид-кризата, Бугарија се тресе од скандали, напиша Борисов.

Македонските Бугари изјавиле дека тие биле автохтониот народ во Македонија и дека не дошле во земјата во 1992 како Бошњаците, или во 1918 година како Србите.