Бугарскиот премиер Бојко Борисов одржа телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Обајцата лидери си ја честитаа 2021 година и изразија меѓусебна доверба дека добрососедските односите ќе продолжат активно да се развиваат во сите области од заемен интерес.
За време на разговорот биле истакнати плановите за инфраструктурата и енергетска соработка. Претседателот Вучиќ разговарал за напредок во градењето на автопатот „Европа“, што е дел од главната транс-европска транспортна мрежа. Автопатот е во правец Лондон-Будимпешта-Белград-Софија-Пловдив-Истанбул-Калкута и е најкраткиот пат што ја поврзува Западна Европа со Блискиот исток.
„За следната Нова година ќе имаме изграден автопат меѓу Софија и Белград “, категоричен беше бугарскиот премиер.
Било истакнато и дека Србија се претвора во земја за транзит на гас и дека има потреба за уште еден интерконектор со Бугарија за уште посигурна испорака.