Борисов се откажал од пратеничкиот мандат

5

Досегашниот бугарскиот премиер Бојко Борисов објавил денеска дека поднел изјава до Централната изборна комисија, со која одбива да биде пратеник во новиот состав на парламентот во Софија.

„Денес во ЦИК поднесов оставка како пратеник во двата повеќемандатни региони од кои бев избран, иако победив во лидерските натпревари. И Нинова, и Слави Трифонов, и Христо Иванов – ги победив насекаде“, изјавил Борисов, кој денес е на турнеја во околината на Рилскиот манастир, како што пренесува БГНЕС .
Борисов изјавил дека како премиер немал имунитет и дека и сега не му треба и нагласи дека ГЕРБ победи на изборите во 24 од 31 округ.