Борисов: Со Меркел ги поддржуваме евроинтеграциите на Западен Балкан

17

За почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, планирани во декември, денеска разговрале германската канцеларка Анегела Меркел и бугарскиот премиер Бојко Борисов..

,,Со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на пат кон ЕУ… Бугарија ќе продолжи да работи активно во оваа насока за време на нашето заедничко претседателство со Македонија на Берлинскиот процес, напиша на својот фејсбук-профил бугарскиот премиер Бојко Борисов кој се наоѓа во Брисел, на Самитот на ЕУ.