Бостон прв финалист во НБА плејофот

3

Тимот на Бостон ноќеска ја победи Индијана со 105:102 на гостински терен во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.

Ова беше четврта победа на исто толку натпревари за Селтикс во конференциското финале на Источната конференција по што обезбедија учество во големото финале.

Најефикасен играч во победничката екипа, водно и на натпреварот  беше Џејлен Браун, кој постигна 29 поени.

Противник на Бостон селтикс ќе биде победникот од двојката Далас – Минесота (3:0 по третиот меч од серијата).