Бочварски: Стоиме на располагање на истрагата за несреќата

8

За одговорноста за автобуската несреќа има институции што работат и истражуваат, на крај ќе дадат одговор каде бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

На новинарско прашање за одговорност на ресорот што го предводи за несреќата во која загинаа 45  патници, а седум беа повредени, Бочварски рече дека во рамки на нивното делување издавањето на лиценците е целосно непречено до овој момент, лиценци се издавани за компани кои побарале да вршат таква дејност, како и изводи од лиценци за сите кои побарале да добијат таков документ за своите возила за да патуваат и да вршат одредена дејност.

Ги поверивме, наведе Бочварски, двајцата возачи кои го возеле автобусот, а кога ќе добиеме информација од надлежен орган или институција, од Обвинителството или од Министерството за внатрешни работи, кои се другите возачи кои поминувале веднаш ќе ги провериме  во базата на податоците, рече Бочварски.

Стоиме на располагање на истрагата и не би сакал Министерството  да се претвори во истражен орган и да лицитираме со секакви информации. Важно е истрагата да тече согласно процедурите  и тоа што ќе го каже Обвинителството, а ние да бидеме тука поддршка и да ги даваме сите потребни документи и информации, наведе Бочварски.