Бојан Јовановски – Боки 13 хоспитализиран во Градска болница

199

Бојан Јовановски, првоосомничениот во предметот „Рекет“ е хоспитализиран во Градска општа болница 8-ми Септември, Скопје, за редовен преглед потребен како доказен материјал.

По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба.

-Лицето Б,Ј е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази- стои во дописот од Градска општа болница 8-ми Септември, Скопје.

Оттаму велат дека дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба.

Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството, оттогаш е во притвор а неговиот адвокат, Сашо Дуковски, постојано во медиумите вели дека во затворот има нечовечки третман и тортура врз обвинетиот Бојан Јовановски,