Бразил регистрираше најмал број новозаразено со коронавирусот на дневно ниво од јуни

13

Бројот на заразените со новиот коронавирус во Бразил во изминатото деноноќие се зголемил за 16.641 случај, со што севкупно од почетокот на епидемијата во оваа латиноамериканска земја се потврдени 2.750.318 случаи, соопшти ноќта кон вторникот по средноевропско време бразилското министерство за здравство.

Станува збор за најниската дневна стапка на раст на бројот на новите позитивни случаи на коронавирусот од 8-ми јуни.

Како што произлегува од податоците на министерството за здравство, околу 70 отсто од вкупниот број заразени, односно 1.912.319 пациенти, досега оздравеле, а во моментов активни носители на вирусот во Бразил се 743.334 лица.

Бројот на смртните исходи од болеста Covid-19 во изминатото деноноќие во Бразил се зголеми за 561 лице, или севкупно има 94.665 починати луѓе.

Со последните податоци, Бразил бележи на 100.000 население 1.308 заразени лица и 45 смртни исходи.

Вкупно минатата седмица се регистрирани 313.364 нови случаи на коронаинфекција, речиси за 6.300 помалку отколку претходната седмица од 19-ти до 25-ти јуни, кога овој показател достигна рекордно ниво од 319.653 заразени. Оттогаш, првпат од почетокот на епидемијата во земјата, бројот на заразени почна да се намалува.

Бројот на смртните случаи и покрај извесното намалување, 7.114 летални исходи во периодот од 26-ти јули до 1-ви август, во текот на последните 10 седмици останува околу илјада и повеќе на дневно ниво.

Бразил, каде што првиот случај на зараза со коронавирусот беше потврден на 26-ти февруари, е на второто место на листата земји со најголем број заразени и починати зад САД.

Министерството за здравство претходно прогнозираше дека состојбата со епидемијата на коронавирусот ќе се стабилизира до јули, а дека од август ќе започне постепеното забавување на шорењето на заразата. Според процените на министерството, во јуни го достигнала пикот во бројот на смртните исходи.