Братот на Меган Маркл стана бездомник: Ја нападна популарната сестра дека не му помага

6

На Меган Маркл семејството од татковата страна ѝ е дефинитивно „камен околу вратот“. По скандалите што ѝ ги приредија таткото и полусестрата, следува и најновиот, во кој главен актер е нејзиниотполубрат Томас Маркл.

Имено, 53-годишниот полубрат на војвотката од Сасекс, од страната на неговиот татко, стана бездомник, тврдејќи дека презимето му одзело многу можности во животот.

Маркл за британскиот „Дејли мејл“ изјавил дека останал без покрив над главата и дека имал многу проблеми заради презимето. Тој ја нападна брачната двојка Хари и Меган дека се фалат со својата работа во добротворни цели, но дека не му даваат ни трошка помош на сопственото семејство.

Том наводно ја загубил работата и ги загубил своите соработници, па бил принуден да се пресели назад во домот на неговата мајка во Мексико за да не заврши да живее под мост.

-Јас сум бездомник и би можел уште веднаш да се најдам под мостот, со картон во рацете и да молам за пари“, изјави тој.

“Таа е на кралскиот пиедестал и не гледа што се случува со нејзиното семејство. Требаше да биде похумана кон нас“, тврди Том, осврнувајќи се и на одлуката накралската двојка да се повлече од кралските должности и да се пресели во Канада.

Полубратот на Меган вели дека тој не го поддржува овој чекор, но дека на крајот приказната се сведува на тоа дека „двајца кои се за заљубени и сакаат да го живеат својот живот“.

Инаку, Томас Маркл минатата година бил уапсен од страна на полицијата бидејќи И4 држел пиштол на главата на својата свршеница Дарлин Блонт (37) за време на жестка расправија во алкохолизирана состојба. Подоцна, и Дарлин била приведена под обвинение за семејно насилство во домот во кој живеела со Томас Маркл.