Братот на Погба: Сите знаат дека Пол сака да замине, тој сака да освојува титули

6

Подолго време трае „тивката војна“ на реалција Манчестер Јунајтед – Пол Погба. Погба сака да замине, а Раиола ќе се обиде да извлече што поголема цена за својот клиент.

За ситуацијата со Погба сега зборуваше неговиот брат Матијас. Матијас Погба за медиумите потврди дека неговиот брат размислува да замине од клубот бидејќи има намера редовно да игра во Лигата на шампионите и да освојува титули.

„Сите знаат дека Пол сака да си замине од Манчестер Јунајтед. Негова желба е да игра редовно во Лигата на шампионите и да освојува титули. Манчестер Јунајтед е голем клуб, но сите знаеме дека во блиска иднина тоа ќе биде тешко со Јунајтед. Ќе видиме што ќе ни донесе летото“, изјави Матијас Погба.