Бред Пит дојде на забавата на Џенифер Анистон

4

Бред Пит дојде на интимна божиќна забава кај поранешната сопруга Џенифер Анистон, а светските таблоиди веќе шпекулираат дека е на повидок повторна врска откако беа видени прегрнати.

Забавата беше само за блиски пријатели, а Бред остана до крајот, објавиja E! и Entertainment Tonight цитирајќи извори кои присуствувале на забавата.

„Бред пристигна околу 7 часот. Тој беше меѓу првите гости а претпоследен на фајронт, замина околу 11. Пристигна со својот долгогодишен бодигард кој го чекаше во неговиот автомобил,“ рече еден од гостите на забавата.

Иако се разведоа пред повеќе од 14 години, Бред и Џенифер останаа во одлични пријателски односи. Доказ за ова е неодамнешниот потег на славниот актер кога се појави на нејзината роденденска забава, а сега и на забавата за Божиќ.

„Беа во контакт неколку пати по нејзиниот роденден и се во пријателски односи. Кога се видоа се прегрнаа,“ рече извор близок до актерката за нивната средба со поранешниот сопруг и додаде: „поминаа долг пат од брак до развод и сега планираат да останат пријатели за цел живот. Меѓу нив нема тешки зборови и замерки. Дојде тивко на забавата. Не беше дозволено користење на социјални мрежи, па така немаше ни фотографирање.“

На споменатото дружење се појавија и многу славни членови на холивудската елита, а меѓу гостите беа Гвинет Палтроу, Том Хенкс, Кејт Хадсон, Лиза Кудроу, Рис Витерспун и други блиски пријатели на Џенифер.

По разводот Бред и Џенифер повторно се поврзаа во 2016 година после смртта на мајката на Џенифер. Тогаш Бред ѝ се јави на поранешната сопруга за да ѝ изрази сочувство.

Вториот разговор го имаа кога Анџелина го обвини Бред дека го злоставува синот Медокс. Џенифер тогаш му се јави на Бред и му понуди да сведочи во негова корист.

На жалење на бројните фанови кои сакаат да ги видат повторно заедно, Бред и Џенифер не планираат љубовна туку само пријателска врска, велат извори блиски до поранешниот пар.