Британско Министерство за одбрана: Руската инвазија во Украина во голема мерка е запрена

5

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави ажуриран разузнавачки извештај во кој се тврди дека руската инвазија на Украина „во голема мерка е запрена на сите фронтови“.

„Руските сили постигнаа минимален напредок на копно, море или воздух во последните денови и продолжуваат да трпат големи загуби. Украинскиот отпор останува непоколеблив и добро координиран. Огромното мнозинство од украинската територија, вклучително и сите поголеми градови, останува во рацете на Украина“, се вели во извештајот, чии делови се објавени и на Твитер.