Бритни Спирс не успеа да ја врати контролата над својот имот

13

Пејачката Бритни Спирс ја загуби правната битка да се ослободи од татко ѝ, кој ѝ го контролира животот полни 12 години.

Американскиот суд во вторникот го отфрли обидот на Спирс да го отстранат таткото како конзерватор на нејзиниот имот.

Џејми Спирс (68) е законски старател на неговата ќерка и има целосна конрола над имотот и средствата на поп-принцезата веќе 12 години, поради наводна загриженост за нејзиното ментално здравје.

Адвокатот на Спирс тврди дека таа се плаши од него и дека нема да настапува сè додека тој остане во таа улога. Но, адвокатот на татко ѝ тврди дека тој секогаш постапувал во најдобар интерес на неговата ќерка.

Судијата рече дека ќе ги разгледа идните жалби за негово разрешување или целосно смена. Во меѓувреме на барање на Спирс, финансиската компанија „Бесемер траст“ е назначена за ко-старател.

Сè започна уште во 2008 година, кога по низа проблеми со менталното здравје на Бритни судот ги стави нејзините недвижнини, финансиски и лични средства под конзервација на нејзиниот татко. Правниот застапник на Бритни поднел правни документи во кои се бара Џејми Спирс да биде заменет засекогаш, при што нејзиниот менаџер Џоди Монтгомери да ја преземе улогата на нејзин старател.