БРИТНИ СПИРС ПАК НА ТАПЕТ Пејачката обвинета дека удирала работничка во својот дом

15

Ултрапопуларната Бритни Спирс е обвинета дека удирала жена вработена во својата куќа и ѝ го турнала мобилниот од нејзините раце во текот на тепачката, јавува Би-Би-Си. Обвинението за „намерен и незаконски контакт со друг лице“, кое е вештачки „надуено“ според нејзиниот адвокат, веќе е доставено до властите во Калифорнија.

„Ништо повеќе од вештачки произведено обвинение“, вели адвокатот Метју С. Розенгарт во свој и-мејл за новиот скандал на Бритни. Тој е убеден дека нема докази за било какви повреди од тепачката.

„Секој може да поднесе обвинение, но ова требаше веднаш да се затвори“, стоело во мејлот.

Како да не беше доволна драмата што Бритни ја доживува околу нејзиното старателство кое уште е во рацете на нејзиниот татко, сега нови скандали ја тресат поп-дивата. Иако татко ѝ, Џејми Спирс, неодамна изјави дека ќе учествува во уредна транзиција“ кон „нов правен аранжман“, останува прашањето дали тој и вистински ќе се откаже од 13-годишната контрола врз својата ќерка.

Бритни категорично го отфрла старателството на татко ѝ како „навредливо“, а за таа цел и го најмила г-дин Розенгарт минатиот месец. Таа исто така изјави дека нема да настапува сè додека татко и го контролира нејзиниот живот.