Брнабиќ денеска очекува катастрофално високи бројки на заразени со ковид-19 во Србија

14

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за српската ТВ Прва изјави дека денеска бројот на новозаразени со коронавирус ќе биде најголем досега во Србија, од почетокот на пандемијата.

По податоците од утринава во осум часот, бројката ќе биде катастрофална, изјави таа за ТВ Прва и додаде дека секој досегашен рекорд ќе биде соборен.