Брнабиќ потврди: Вучиќ дал налог да се истражи случајот за рускиот шпион

7

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјавила за Блиц.рс дека ВБА се занимава со можната шпионска афера во која руски шпиони врбуваат српски агенти и дека подоцна ќе има повеќе информации за тоа.

– Разговарав со претседателот Вучиќ, тој даде налог на Воено-безбедносната агенција да го истражи случајот. Уште немаме податоци, доколку излезе дека е вистина, тогаш тоа ќе биде сериозно прашање и проблем за нас – вели Ана Брнабиќ за Блиц.рс.

Таа рекла дека очекува повеќе информации подоцна денеска.

– Претседателот повика состанок во својство на врховен командант на Војската на Србија и ќе не извести нас за резултатите од истрагата – заклучи премиерката Брнабиќ.

Снимката на 17 ноември е објавена на Јутјуб, а автентичноста е потврдена од угледниот истражувачки новинар Христо Грозев на својот Твитер профил.