Брнз: Треба да одредиме каде постои корупција и како да се справиме со неа

14

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21 посочи дека треба да се одреди каде постои корупција и потоа да се справиме со неа.

„Знаете дека со години работиме на проблемот со корупцијата. Ама лани се случи нешто. Претседателот Бајден призна дека корупцијата е меѓународен проблем, проблем со кој ниту една нација не може сама да се справи. Тој потпиша извршна наредба со која корупцијата се става на прво место во нашата национална политика. Сега имаме национална безбедносна политика во која се вели дека борбата со корупцијата е клучна за нашата национална безбедност. Тоа го проследи со Самитот за демократија на кој учествуваа демократски заедници од целиот свет, за заеднички разговор и дискусија, за обединување на ресурсите за да се справиме со точно она за кое зборувате. Треба да одредиме каде постои корупција и како да се справиме со неа“, вели амбасадорката за ТВ21.

Брнз вели дека во секоја држава мора да постои национално решение, ама постојат и начини за соработка.

„Многу ни беше мило што го видовме претседателот Пендаровски во декември на Самитот за демократија каде што стана и го образложи пристапот на владата во борбата против корупцијата и поттикнување на доброто владеење, што ќе бара вклученост од секое ниво на власта и ќе бара вклучување од приватниот сектор, од НВО, за да бидат дел до глобалната иницијатива. Преку тоа бараме начин да ги внесеме најдобрите пракси и заедничката експертиза и до одреден степен нашите алатки и инструменти кои ќе ни помогнат да се поддржиме меѓусебно и да се справиме со прашањата“, додава Брнз.

Според неа, „сами треба да ги корегираме демократските институции и да се погрижиме да понесат одговорност, но сепак можеме да си дадеме поддршка во тој процес“.