Бројката на заразени со коронавирус во Светот надмина 1 милион, починаа 53 илјади луѓе, излечени повеќе од 213 илјади

Бројот на заразени со коронавирусот надмина 1 милион, или нешто повеќе од 1.000.016 лица. Починаа вкупно 53.236 лица, а се излечиле 213.126 луѓе.

30

 

Најголем број смртни случаи има во Италија – 12.000, додека во Шпанија досега починаа 10.000.

Прв смртен случај е забележан во Киргистан, откако почина 61-годишен маж кој имал неколку болести.

Во изминатите 24 часа бројот на заразени во Германија порасна за 6.174 лица, а починаа 145.