Бројот на заболените од коронавирусот во светот надмина 3,5 милиони

Бројот на заболените од новиот тип коронавирус во светот во понеделникот надмина 3,5 милиони луѓе, но експертите стравуваат дека бројка од околу 250 илјади починати е многу поголема, бидејќи починатите надвор од болниците главно не се регистрираат и не се вбројуваат во официјалните податоци.

18

Европа и Северна Америка бележат забавување на заразата, но и натами имаат најголем број нови случаи на заразата. Во последните 24 часа забележани се 74.779 нови случаи на зараза со вирусот SARS-CoV-2, па севкупниот број заразени се искаќи на 3,52 милиони луѓе.

Според Светската здравствена организација (СЗО – WHО), тоа може да се спореди со сезонскиот грип од кој годишно заболуваат меѓу 3 и 5 милиони луѓе во светот, но е неспоредливо со обемот на последиците од шпанскиот грип од 1918 година кога заболеле околу 500 милиони луѓе.

„Но за разлика од грипот, болеста Covid-19 има 10 пати поголема стапка на смртност кај сите возрани групи“, вели Питер Колињон, експерт за инфективни болести во болницата во австралиска Канбера.

Во светот досега од новиот вирус починале 246.920 луѓе.

Во текот на изминатата седмица стапката на раст на бројот на заболените на дневна база изнесуваше 2 до 3 отсто, додека во пикот на пандемијата изнесуваше 13 отсто. Глобално, секојднево сѐ уште се регистрираат меѓу 75.000 и 90.000 нови случаи на заразата.

Ублажувањето на мерките за изолација се покажаа контроверзни, а стручњаците дискутираат за најдобрата стратегија за да се избегне вториот бран од заразата.

Колињон смета дека лесно може да се случи втор па и трет бран на заразата, како и дека светот е далеку од создавањто на „имунитетот на стадоото“ кој се стекнува доколку барем 60 отсто од населението закрепнало од болеста.