Бројот на заразените е околу 3 000 000. излекувани се 880 .000, а починаа над 200.000 лица

Бројот на заразените со Ковид-19 во светот изнесува околу 3 милиони излекувани се 880 .000, а починаа над 200.000 лица.

15

И натаму водечки по вкупниот број на инфицирани и починати се Соединетите американски држави каде само вчера починаа 1 157 лица .

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во САД достигна над 55.000, со просечно дневно зголемување на бројот на жртви од околу 2.000 во април.

Вкупниот број заразени се над 987 000. По бројот на смртни случаи предничат Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија.

Од европските земји вчера повторно Велика Британија имаше најмногу починати 413лица. Во оваа земја вкупно умреа над 20 000 лица. Во Европа постепено се намалува бројот на заразени и починати, па затоа некои земји почнаа да го олабавуваат рестриктивните мерки .

Децата во Шпанија вчера излегоа на улица, првпат откако на 14 март беа воведени строги мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Шпанската влада им дозволи на децата помали од 14 години да излезат по 44 дена целосна изолација. Тие сега можат да шетаат со родител до еден час на километар од својот дом.

Во Шпанија пријавени се над 200.000 заразени , а регистрирани се повеќе од 23.000 смртни случаи од ковид-19.a