Бруклин прави непобедлива петорка: Доаѓа уште една ѕвезда!

19

Заврши НБА Олстарот, а Бруклин нетс веднаш се засилува и тоа со уште едно звучно име. Прво пристигна Кајри Ирвинг, па потоа Кевин Дурант, а потоа и незадоволниот Џејмс Харден, кој го натера Хјустон рокетс да го трејдува, а како центар потпиша ДеАндре Џордан.

Бруклин со него во петорката ќе има четири играчи до искуство од Олстар, а сега додаваат и петти, а тоа е Блејк Грифин, кој неодамна го напушти Детроит.

Во следните години Детроит ќе мора да му го исплати договорот, а Бруклин ќе му плаќа само ветерански минимум од милион долари по сезона.

„Мислам дека ќе биде големо засилување за тимот. Сите го познаваме каков квалитет има. Ако остави толку пари во Детроит и дојде тука, тоа значи дека сака да победува“, вели Харден.

Грифин сезонава одигра 20 натпревари и притоа имаше по 12,3 поени, 5,2 скокови и 3,9 асистенции.