Брус Спринстин е најплатениот музичар во 2021 година

7

Брус Спрингстин со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар во 2021 година, објави магазинот „Ролинг Стоун“.

Според истиот извор, Срингстин највеќе заработил со продажбата на мастерите на своите песни и издавачките права во декември минатата година.

Неговиот договор со „Сони мјузик“ е проценет на 550 милиони долари и воедно ја означува најголемата продажба што еден музичар некогаш ја направил за својата дискографија. „Сони“ стана сопственик на 20. албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги и класиците како Born to Run, The River и Born in the USA.

Овој договор со Спрингстин е сличен на оние што ги направија Боб Дилан, Блонди и Дејвид Боуви.

Прво беше објавено дека музичарот ветеран добил 500 милиони долари од продажбата, но поранешниот уредник на „Форбс“, Зек О’Мали Гринбург, тврди дека сумата од 550 милиони долари била генерирана со „пребарување јавни документи и интервјуирање поединци со директно познавање на големиот бизнис“.

Повеќето од преостанатите 40 милиони долари заработени од Спрингстин во 2021 година се однесуваат на неговото враќање на Бродвеј минатото лето, каде што имаше 26 настапи и два заеднички проекти со Барак Обама.