Бугарски европратеник: Борисов е на рапорт во Вашингтон поради „Турски тек“

7

Причината за посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на САД е потпишувањето на договорот за продолжување на изградбата на „Турски тек“ во Бугарија, смета бугарскиот европратеник Иво Христов, пренесува „Спутник“.

„Мислам дека Борисов сонуваше сосем поинаков состанок, а не дека тој ќе биде повикан. Причината поради која е повикан во Вашингтон е, се разбира, потпишувањето на договорот за продолжување на изградбата на „Турски тек“ на територијата на Бугарија. Секако не станува збор за негов потпис бидејќи договорот е потпишан на пониско ниво, но Борисов е одговорен за тоа“ изјави Христов за Бугарската слободна телевизија.

Според Христов, надворешната политика на Борисов се карактеризира со тоа што ги доведува во заблуда и САД и Русија – ги замајува Русите на сметка на тоа колку добро успева да ги измами Американците, а ги замајува Американците со тоа како успева да ги измами Русите.

Борисов во септември изјави дека прекинот во изградбата на „Јужен тек“ бил предизвикан од притисокот на САД и на Западна Европа.

Бугарскиот премиер на 18 септември присуствуваше на церемонијата за потпишување на спогодбата за изградба на продолжението на „Турски тек“ на бугарска територија.