Бурите Елса и Фабијан оставија Девет мртви во Шпанија и Португалија

7

Девет луѓе загинаа во невремето што помина низ Португалија, Шпанија и Франција, проследено со силни ветрови и поројни дождови.

Бурите Елса и Фабијан предизвикаа поплави, го прекинаа железничкиот и воздушниот сообраќај во регионот и оставија без струја повеќе од 118.000 домаќинства.

Две лица загинаа во Португалија, а седум во Шпанија, која е и најтешко погодена држава. Меѓу загинатите е и една Јужнокорејанка, врз која паднале остатоци од зграда во Мадрид.

Откако ослабнатата Елса сврте кон Велика Британија, бурата Фабијан донесе ветрови од 170 километри на час во Галиција во северозападна Шпанија. Властите во Шпанија и Франција затворија паркови од страв да не паѓаат дрвја. Во југозападниот дел на Франција без струја останаа 110.000 домови.